Денеска ќе биде облачно и топло, од утре дожд

by Фокус

Облачно време со повеќе сончеви периоди ќе преовладува денеска во земјава. Претпладне во одделни котлини ќе има магла, ќе дува умерен, а попладне повремено засилен јужен ветер особено долж Повардарието. Веќе кон крајот на денот во западните делови од земјава ќе врне дожд. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 6, а дневната од 13 до 19 степени.

Како што информира Хидромееролошкиот завод, во Скопје ќе има слично време со зголемување на облачноста попладне. Во утринските часови ќе има услови за магла и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 16 степени.

Во понеделник преку ден врнежите ќе се прошират низ цела држава, а во западните делови ќе бидат повремено поројни. Во планинските региони наместа ќе има појава на грмежи. Ќе дува умерен до силен јужен ветер (над 60 км/ч).

Врнежи од дожд ќе има и во вторник попладне и ќе бидат пообилни на западот (над 20 л/24часа). Дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината, а утринските ќе бидат позитивни.

Поврзани новости