Папата Франциск ги посети повредените украински деца во болница во Рим

by Fokus

Папата Франциск попладнево посети 19 украински деца бегалци во детската болница Бамбино Гесу во Рим.

Младите пациенти ја напуштиле Украина во првите неколку дена од војната, која започна на 24 февруари кога Русија ја нападна Украина, и се лекуваат од онколошки и невролошки заболувања, меѓу другото, како и тешки повреди од експлозии, изјави директорот на ватиканскиот печат Матео Бруни, се вели во соопштението.

-Папата одеше низ собите и ги посети сите присутни малечки, пред да се врати во Ватикан.

Според Ватикан, 50 украински деца бегалци поминале низ болницата од почетокот на конфликтот.

Поврзани новости