Папандреу по одлуката на ЕУ за старт на преговорите: Позитивна порака, толку потребна во овие тешки времиња!

by Fokus

Поранешниот грчки премиер и претседател на Социјалистичката интернационала, Јоргос Папандреу и поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос ја поздравија вчерашната одлука на ЕУ за почеток на пристапни преговори со Македонија и Албанија.

Папандреу преку неговиот официјален „Твитер“ налог оцени дека е тоа е позитивна порака, а Катругалос во писмена изјава вели дека е исправена големата грешка на ЕУ.

– По многу одложувања, ЕУ даде зелено светло за пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Позитивна порака, толку потребна во овие тешки времиња, напиша Папандреу на „Твитер“.

Поврзани новости