832
Вие кои сте примиле една доза вакцина деновиве или ќе ја примите следниов период, а не сте прележале ковид, Ве молам да не влегувате во објектите во кои власта ви дозволува да влегувате, порачува микробиологот Никола Пановски.
„Вие се уште немате имунитет, не сте заштитени, под голем ризик сте таму да се заразите и потоа да ја ширите заразата. Потврдата не ве штити од зараза, нека не ви дава лажна сигурност. Откога ќе ја примите втората доза и ќе поминат две недели, тогаш може да претпоставиме дека сте заштитени“, појаснува Пановски.