Пановски прашува: Зошто лица од земји со многу заразени слободно влегуваа во земјава?!

by Fokus

Владата вчера донесе одлука за нови рестриктивни мерки во Македонија, со цел да се сопре ширењето на корона вирусот. Тие мерки наидоа на многу негативни критики од населението во Македонија, а одлуките не му се јасни и на микробиологот Никола Пановски.

„Тие што се одговорни и платени да не заштитат, нека кажат зошто го дозволија ова. По кои епидемиолошки критериуми дозволија влез на лица од земји со висок број на заразени слободно да влегуваат во земјава и зошто дозволија свадби во затворен простор?“, вели за „Фокус“, Пановски.

Состојбата во Македонија со корона вирусот значително се влоши во изминатата седмица, а во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 378 нови случаи.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости