На почеток сме на нов бран, во Тетово е најкритично, вели Филипче

by Fokus

Состојбата со корона вирусот во Македонија се влошува, а на таа тема денеска говореше министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој вели дека, и покрај зголемениот број на заразени пациенти во изминатите неколку дена, нема притисок врз болниците.

„На почеток сме на нов бран и на тоа укажуваат бројките кои растат и кај нас и во соседството. Тетово е најкритичниот град , каде што има 45 хоспитализирани пациенти. Бројките се високи и во Скопје и во Гостивар, Куманово , Кичево, Струмица. Сепак нема притисок во моментов во болниците. Под 10 % во болниците се пациенти кои се целосно вакцинирани и се во добра состојба , односно не се критични , рече Филипче.

Поврзани новости