Според Ангелов, старите цистерни многу помогнале при гасењето на пожарите

by Fokus

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов се заблагодари на целата помош од соседните земји при гасењето на пожарите во Македонија.

Според него, во повеќе делови пожарите се ставени под контрола, но во Буданирци се уште состојбата е сериозна, но тој упати смирувачка порака.

„Пожарот во пехчевскиот и беровскиот регион не е закана за куќите. Српските хеликоптери си заминаа и сега ќе дејствуваат во Атина, каде состојбата е мошне ризична. Останатите ресурси се доволни и имаме доволно пожарникари на терен. Застарените цистерни помогнаа во овој период. Иако делуваат така, но тие имаат доволна количина на вода за да се изгаснат пожарите“, рече Ангелов.

 

Поврзани новости