Панговски за „Фокус“: Згрешив, што не се оградив од Професорскиот контра пленум

by Fokus

„Фокус“ го контактираше доктор Илија Панговски, кој одреден период беше в.д директор на клиниката за да ни каже зошто бил член на Професорскиот контра пленум, кој во тој период ги подржуваше измените за Законот во виското образование и екстерното тестирање против кое протестираа повеќе од 10.000 студенти.

Панговски само кратко ни одговори дека и тој како министерот за здравство Венко Филипче не знаел во тој период што потпишува.

– И мене исто како министерот, специјализант ми донесе да потпишам и јас мислев дека се работи за наводни реформи на Медицинскиот факултет – истакна во изјава за „Фокус“, доктор Панговски.

На нашето прашање, зошто подоцна не се оградил кога дознал што потпишува, доктор Пангoвски рече: „Згрешив“, што не се оградив од Професорскиот контра пленум“.

И.М.

 

Поврзани новости