Тарчуловски, Арнаудов и Василевски остануваат во притвор

by fokus

Апелациониот суд донесе одлука со која им ги потврди притворите на уште седуммина осомничени за тероризам и уставно загрозување во врска со настаните до 27-ми април. Судиите од Апелација им ги одбија жалбите на седуммината, меѓу кои се Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, со што тие остануваат во притворот, кој им е продолжен за уште 30 дена.

„Апелациониот суд Скопје, по одржаната нејавна седници на ден 15.01.2018 година, донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје донесени во рамки на предметите во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година и тоа за обвинетите И. Ц., А. А., Љ. А., Ј. Ч., Ј. Т., С. В. и Е. Д.“, велат од таму.

 

 

 

Поврзани новости