Антикорупциска ќе расправа за судирот на интереси кај директорот на МЕПСО

by Фокус

Случајот со судир на интереси кај новиот директор на МЕПСО, Куштрим Рамадани, е една од точките на дневен ред на утрешната седница на Антикорупциската комисија.

И покрај укажувањето од Комисијата дека неговото именување на оваа функција би значело судир на интереси затоа што непосредно претходно бил член на Регулаторната комисија за енергетика, сепак, тој беше именуван за директор на МЕПСО, па можно е да биде покрената прекршочна постапка против Рамадани.

Мислење од ДКСК побарал лично и премиерот Зоран Заев. Во писмото до Владата, антикорупционерите навеле дека има судир на интереси ако се назначи Рамадани за прв човек на МЕПСО, бидејќи така ќе се прекршат законите за спречување судир на интереси и за енергетика, кои забрануваат генерален директор на МЕПСО да биде поранешен член на РКЕ ако во меѓувреме не изминале две години.

Поврзани новости