Пандев откри во што се слични Мрме и Мурињо

by Fokus

Во кариерата, македонската фудбалска икона, Горан Пандев, работел со врвни тренерски имиња, а еден од најуспешните е Жозе Мурињо, со кого во 2010 година испишаа историја во Интер, освојувајќи тројна круна. Дали постои разлика помеѓу Мурињо и Мрме?

Секој тренер си има свои методи на работа, карактер и мислам дека водењето на клуб и водењето на една репрезентација не е исто. Но, Мрме и Мурињо имаат нешто слично – комуникацијата со играчите“, истакна тој во интервјуто за „Фокус“

И до ден денес, Пандев е во одлична комуникација со Мурињо, но и остатокот од тимот на Интер кој пред десет години газеше по Европа. Дури португалскиот стручњак летоска праша за Шкендија, кој беше противник на Тотенхем, клубот кој сега Мурињо го води.

Со него до ден денес имаме добра комуникација. Совршено комуницираме со цел тим од 2010 година од Интер, секојдневно се допишуваме и сме во добри контакти. Кога Мурињо се јави да праша за Шкендија, може да видите за каков човек и тренер станува збор“, додава Пандев.

Јорданчо Цветаноски

Фото – ФФМ

Поврзани новости