Пандев бара ВМРО-ДПМНЕ и другите партии да не го злоупотребуваат неговото име

by Fokus

Македонскиот репрезентативец и играч на Џенова, Горан Пандев, преку социјалните мрежи од Италија испрати порака до политичките партии во земјава да не го злоупотребуваат неговото име во ситно-политички игри во моменти кога целиот свет со соочува со коронавирусот.

„Почитувани, во овие тешки моменти за целиот свет кога се соочуваме со најопасниот вирус на глобално ниво, сакам да апелирам до политичките партии во Македонија да престанат со ситно-политичките игри. Оваа прилика ја користам да ги повикам политичките партии (во случајот комисијата на ВМРО-ДПМНЕ) да престанат да го злоупотребуваат моето име. Ова е време кога ние во Италија се соочуваме со катастрофа од невидени размери. Апелот до сите е да останат дома и да ги следат препораките. Секоја моја изјава која ќе биде ставена во контекст на политика ќе ја демантирам. Поздрав од Џенова“, -напиша Пандев на инстаграм.

Тој претходно испрати порака до македонските граѓани, која порака подоцна се најде на профилот на Комисијата за спорт на опозициската партија.

Секој треба да е одговорен, како кон себе така и кон другите. Затоа седи дома и слушај ги препораките. Само со дисциплина и самодисциплина може да го спречиме ширењето на вирусот“, вели Пандев во својата порака преку Фудбалската федерација на Македонија.

Поврзани новости