ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Следува понатамошен пораст на температурите

by fokus

До крајот на денов во државава времето ќе биде променливо облачно со локални послаби врнежи од дожд а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно а ќе има услови и за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец додека максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 12 степени.

Потоа во текот на утрешниот ден ќе имаме значително постабилно и потопло време, ќе има и повеќе сончеви периоди но сепак ќе има услови и за сосема ретка појава на сосема слаб дожд. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени. Во понеделник особено кон крајот на денот и навечер се очекуваат нови локални врнежи од дожд и снег на планините.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости