Тажно е што за 40 проценти е намалено раното дијагностицирање на рак на дојка поради ковид пандемијата, рече американската амбасадорка Кејт Мари Брнз на денешната 13-тата трка „Напред розово“ во Скопје.
-Последнава година и пол нѐ научи на важноста на здравјето, но истовремено имаше огромно влијание врз примарната заштита и врз барањата на граѓаните за рана дијагноза. Многу од нас, или лично или преку член на семејството сме допрени од оваа болест, рак на дојката – рече Брнз.
Во земјава годишно се регистрираат по 700 до 800 случаи на рак на дојка и 250 смртни случаи, рече Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје.
-Досегашните резултати покажуваат дека 84.2 проценти од жените кои биле скенирани преку скрининг програмата, а сепак се заболеле, се жени кои претходно направиле мамографски преглед. Со вториот мамографски преглед веќе е откриена болеста и за нив се преземени мерки за лекување – рече Ќосевска.
Биба Додева од Здружението за борба против ракот „Борка- за секој нов ден“ вели дека треба да продолжи континуираниот скрининг за рак на дојка.