Кампањата на СДСМ почнува во Битола, завршува во Куманово

by fokus

Караванот „Најдоброто за мојата општина“ утре ги започнува своите активности во рамки на кампањата за претстојните локални избори, соопшти СДСМ.

Утрешниот централен настан е закажан во Битола во 20 часот, а претходно караванот ќе биде со граѓаните на Демир Хисар.

Во вторник караванот е во скопските општини Чаир и Кисела Вода, по што ќе следува предизборна конвенција на кандидатот за градоначалник и листата за советници за Град Скопје.

Караванот своите активности ги завршува на 15 октомври со голем граѓански настан во Куманово.

-СДСМ со својата кадровска и програмска понуда, во овие денови ќе ја посети секоја општина, секое населено место. Со реализираните проекти зад себе, со најдобрата понуда, со најголемиот коалициски капацитет, „Најдоброто за мојата општина е изразит фаворит, велат од партијата на Зоран Заев.

Поврзани новости