Мртва трка на изборите во Германија

by fokus

Според првите прогнози по парламентарните избори во Германија, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) имаат освоено по 25 отсто од гласовите, а на трето место се Зелените со освоени 15 отсто.

Како што објави Дојче Веле, либералите (ФДП) и деснопопулистичката АфД имаат по 11 проценти гласови, Левица освои 5 проценти, а преостанатите 8 проценти од гласовите ги делат другите партии кои се тркаа за место во Бундестагот.

До 18 часот, денеска својот глас можеа да го дадат 60,4 милиони граѓани со право на глас во Германија.

Се очекуваат тешки коалициски преговори, а можни се различни коалиции.

Канцеларката Ангела Меркел (ЦДУ), по 16 години на чело на владата, не се кандидираше за реизбор.

Поврзани новости