Неосновани се забелешките на Брисел дека македонското судство назадува, вели во интервју за Фактор, претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.
-Во однос на Кривичниот суд апсолутно сметам дека се неосновани забелешките. Судиите на овој Суд се избрани од независно тело, во Судскиот совет со години се избираат според исти принцип. Откако јас сум претседател се избираат единствено судии преку Академијата на судии и обвинители. Така што не знам со што би била партизирана работата на Судот, а кадрите на овој Суд во последните четири години се комплетно променети, вели Панчевски.
Во врска со писмото испратено до Судскиот совет со кое неговите колеги бараат тој да биде санкциониран поради злоупотребува функцијата, претседателот на Кривичен вели дека не му се верува дека судии стојат зад ова барање, бидејќи тие „не би се криеле позади скратени потписи“.