Ременски: Никаде го нема наводниот договор кој му дава право на Спасов да го вози Туарегот

by fokus

Министерството за труд и социјална политика не може да го најде договорот кој на Диме Спасов му дозволувал да управува со службениот „Туарег“ на Агенцијата за вработување, изјави денеска министерката Фросина Ременски.

-Надлежните служби ги проверуваа сите договори склучени од август до октомври минатата година, но таков документ не најдоа. Ако навистина има таков договор, логично е да има еден примерок и во МТСП, вели Ременски.

Претходно, директорот на Агенцијата за вработување тврдеше дека постои таков договор. Од Министерството за труд и социјална политика велат дека договорот не можат да го добијат ниту од Агенцијата, иако пред две недели упатиле такво барање.

Поврзани новости