КПП: Пониските ешалони од ВМРО-ДПМНЕ нека му ја мислат!

by fokus

Врхушката на режимот поприлично се изнамачила при составувањето на пратеничките листи, соопштија од Коалицијата за правда и промени.

-Некои од осомничените за тешки кривични дела си обезбедија времена заштита под „чадорот“ на пратеничкиот имунитет, ама поголемиот дел едноставно „извисија“. Дали е тоа резултат на некаков внатрешен договор, „купи-ден“ тактика, политика, или нешто трето, воопшто не е битно. Секаде, и во животот и во политиката, лажното единство порано или подоцна напукнува и потоа забрзано се раздробува. Се има почеток и крај! А наивните и незгрижени пониски ешалони нека му ја мислат кој доаѓа на ред за извисување, предупредуваат од КПП.

Од таму додаваат дека папагалските веќе видени и чуени режимски повици за освојување 63 пратенички места народот ги доживува како изгребана плоча, напукнато ЦД, кое упорно врти па врти и заглавува на истиот рефрен.

Поврзани новости