Претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, Владимир Панчевски ги поздравува напорите на колегите – вработени во судовите во Македонија за остварувње на нивните права.
Во соопштението се вели дека од вчера, како Претседател на Кривичниот суд во Скопје учествува на тркалезна маса организирана од Здружението на Јавни обвинители на Македонија, Институтот за судска медицина и Академијата на судии и јавни обвинители, која се одржува во Гевгелија, па затоа е нејасно како претседателот на судот може да врши притисок врз вработените кога воопшто не е во Скопје.
Што се однесува до најавените пријави Панчевски порачува дека секој граѓанин на оваа држава има право и може да поднесе кривична пријава против друго лице, а иституциите кои постапуваат по тие пријави да ја утврдат основаноста на истите.
“Со вака искажаните лаги и манипулации, спектакуларни изјави и конструкции за притисоци врз вработените во судот само се потврдува кредибилитетот на тие што пласираат вакви бомбастични изјави во духот на моменталната атмосвера во државата”, се вели во соопштението.
Од основен суд Скопје 1 инфомрираат и дека во Кривичниот суд во Скопје од 400 вработени само околу 15 се членови на синдикатот на УПОЗ, додека поголем дел се членови на синдикатот на САДУ, односно 136 членови и Здружението на судска администрација – подруженица на Основен суд Скопје 1 – Скопје со 74 членови, кои како што сме информирани ги подржуваат барањата на вработените, но не се приклучија на штрајкот во ваков облик. Дополнително Претседателот на судот е известен дека токму тројца вработени , членови на УПОЗ, подолг период наназат, се заканувале на другите колеги од судот и вршеле притисоци да излезат на штрајк против нивна воља, за што веќе се земени изјави од вработените, случајот е соодветно документиран и законски се информирани надлежните така што разбирливи се заканите кои ги упатуваат од УПОЗ.