Средба на Попоски со генералниот директор за европска соработка во холандското МНР де Грот

by Фокус 12:06
12:06

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска оствари средба со Државниот директор за европска соработка во Министерството за надворешни работи на Холандија, Роберт де Грот.

Попоски и Де Грот, како што соопшти МНР, разговарале за тековните напори за надминување на политичката криза, во очекување на дискусиите на Советот за надворешни работи на ЕУ, следната седмица.

- Advertisements -

Во рамки на средбата била нагласена важноста на реформската агенда, вклученоста на сите политички фактори и очекувањата да се врати вербата дека Република Македонија има веродостојна иднина како членка на ЕУ.