ПАНАЃУР НА ДУШМАНИ И ‘’ШПИОН ФЕСТ’’

by Фокус

Агим ЈОНУЗ

На времето, во цела мака кога беше извршен атентатот врз претседателот Киро Глигоров, кружеше една досетка која велеше ‘’а бе у земја со толку шпиуни да не се открие кој е атентаторот, тој стварно сибал мајката, бил профи’’! Арно ама, тогаш беше друг филм. Се работеше за ‘’надворешен душман’’ и требаше да се фати неранимајкото и тие што го платиле.

Денес, имаме ситуација у која унутра у државава имаме душман до душман меѓу Mакедонците, унутра кај Aлбанците душман до душман, а сите тие заеднички душмани еден спроти друг.  Рубикон кој и да сакаш да го доведеш во ред, нема да ти помогне ни серверот на НАСА. Иако ‘’цванцик’’, мала ама очигледно феферонка земјичка сме. Панаѓур на психоелементи во кој за да останеш нормален, да останеш ‘’Virgo intacta’’  треба да си тешка курва ( секако политичка).

Во Македонија се случува ‘’ШПИОН ФЕСТ’’. Што повеќе информации имаш за оној од карши тебе на маса, тоа си пошизик од кого тој треба да се плаши. Феномен на инфантилната финта, како кога децата си се уценуваат меѓусебно во стилот на ‘’части ме тулумба да не му кажам на татко ти дека си пушел’’.

СТЕРИЛИЗИРАН НАРОД СО АМОРФНИ НАСМЕВКИ

Најголемите и генерално единствените копја кои се кршат во функција на соблакањето на гаќите на политичкиот противник е изнесувањето на валканите работи кои политичкиот противник ги поседува како доказ, и мавта со нив, претејќи дека ќе каже се на народот. Да биде ситуацијата уште поиронична, и двете страни имаат што да кажат.

Што ни кажува тоа? Едноставно, тука ( кај нас) се лаже, се краде, се манипулира, се онаквува, арно ама истовремено и се шпиунира кој кого и каде и у која поза го работел ( фигуративно) . Бетер од Бугарија на времето, кога се знаеше дека секој на секого му е шпиун. И сето тоа ‘’ у име народа’’, во време кога сериозноста по опстанокот на државата не била ништо помала од ноќта кога Бахтијар Паша тргал по угорницата накај Крушево за да ја ничкоса Крушевската Република.

И денес, се слушаат разни ѓоа ми ти манифести, демек ‘’дечки, а бе ај да не се караме’’, ама никој никого не ебава ни 2 посто. Автоканибализам од невиден размер. И? И сега работава е ‘’доџи ми вечерас‘’. Стерилизиран народ со аморфни насмевки по улици, кој сево ова го прифаќа како нормално секојдневие, не заслужува ништо подобро. Фантастична подлога за вежбање политика, патриотизам, спин, родољубие, самољубие, и мастурбирање врз стравот на обичниот граѓанин дали ќе ја има утре или нема да му ја има државата. Дали лажам ( нека бидам јавно засрамен) ако речам дека на улица се почесто може да се чуе мислењето‘’ ја губиме државата’’!

Ајде да речеме дека ќе се заврши циркусов ( хипотетички) онака асално на изборите и дека ќе огрее ден онаков каков што бара опозицијата. Иншала, еве! Арно ама, има еден страшен зајеб кој лебди над главата на секој еден граѓанин на Р. Македонија. Кој и да биде новиот премиер е осуден на неуспех. Причината е едноставна. Нема да може и да сака така бргу да донесе позитивни и поквалитетни социјални моменти.

Таман ‘’и Тито од гроб да стане’’ не ја опраа така брзо ситуацијата. После не повеќе од една до две години, тој ќе треба да објаснува дека причината поради која не се живее подобро од вчера е затоа што ги пере туѓите гомна и ја става работата под контрола. А, народот вика ‘’што те вртам бе’’, сакам сега и овде боље да живеам’’!

ЕВОЛУЦИЈА БЕЗ РЕВОЛУЦИЈА

За да го разбудиш од ‘’анестезијата’’ обичниот граѓанин, ќе мораш да му дадеш брзи и за око видливи социјални промени кои ќе ги почувствува затоа што тој е сит од ‘’ ќе биде, еве само што не биднало’’ ситуација во својот социјален амбиент.

Презадолженоста, консеквенците на несериозноста на водењето политика во рамки на стратешки прашања, националромантичниот ејакулат по сокаците на државата, сеуште пијаните сватови од свадбата 2001-ва, примитивистичките популисти и салонските елитисти, сето тоа филувано со економија во која инвестициското Ел Дорадо нуди  плата за високообразувани кадри не поголема од еден ручек во просечно скап ресторан на Запад, носи кон уште поголем очај. Нити еволуција оди без револуција, ниту обратно. У говна сме до гуша.

Сепак, не е се така црно. Има една утешителна рамка, која колку и да е иронична, толку е и реално присутна. Црн хумор, ама јеби га! Дај шта даш. Македонија е традиционално земја на гурбечии. На времето тоа не се викало бегање, туку ‘’ошол Митре нагурбет’’. Ако земеме предвид дека не само младите, туку и старите почнаа да бегаат од државава, па што даде господ, се создава еден затворен круг во кој, пак, помалку или повеќе никој нема да остане барем гладен.

Како? Еве како! Пак едни оттука ќе чекаат пари од син, татко, сестра, брат, и секој месец ќе зависат од оние ‘’надвор’’, а оние што останале тука ќе се тешат дека ако ништо друго, нема војна. Оти имало и бетер. Ебати животот чија парола е дека има и бетер. Ама, ало бе дечко, има и боље! Е, боље од ова кај има, бе, ајван! Ене, прашај го Латас ако не веруеш.!

И така оние надвор среќни, овие унутра среќни ( кеш од оној надвор јадат), политичарите овде среќни оти може да си дупат кого сакат и понатаму и да си играат држава. Македонија среќна држава! Не верувате? Пуштете Сител! Нека ви згрее душа, нека ви отвори очи. Вие сте среќни сите, ама изгледа сте пропуштиле вести во 19 часот. Е, ја не сум ви крив за тоа! Излезете од тоа кладилниците. Нема леба без мотике велат. А ни лопате богами, ама лопатата е заузета, оти Грујо ја понел да фрли камен темелник на една селска чешма. Ако е 21 век, де! Чешма си е чешма!!! А ич!?!

Поврзани новости