ВМРО-ДПМНЕ ја префрла одговорноста за пиштолот на Мијалков кон аеродромското обезбедување

by Фокус

Граничната полиција има обврска да врши гранична само проверка на патници за влез и излез од РМ, а, согласно Законот за гранична контрола, за проверка на личниот багаж е надлежна службата за аеродромското обезбедување.

Вака реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако Министерството за внатрешни работи и граничната полиција во нејзини рамки беше посочена за најодговорна во случајот кога Сашо Мијалков се качил на авион во Скопје со пиштол со патната торба, поради што бил приведен на белградскиот аеродром.

„Господинот Мијалков даде изјава во медиумите. Го потврди пропустот. Тој не лаже и не манипулира. Факт кој е несвојствен и неразбирлив за СДСМ. За нив е својствена и очекувана ваквата реакција со сите конфузни и контрадикторни детали и лаги“, стои во соопштението на владејачката партија.

Поврзани новости