ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски го научил занаетот од неговите ментори бандити и хоштаплери

by Фокус

-Дамјан Манчевски е човек без срам и без никаков кредибилитет. Безобразието кај овој човек и кај бандитите од СДСМ оди дотаму да зборуваат за наводно изигрување на законот, а самиот Манчевски е човек кој веќе зад себе има неколку криминални афери, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на пресконферецијата на која Дамјан Манчевски од СДСМ обвини дека одлуката на владејачкото мнозинство во Советот на Град Скопје да го ослободи инвеститорот „Амадеус груп“ од плаќање комуналии за барокна зграда на плоштадот Македонија во вредност од 150.000 евра е криминална.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Манчевски бил човекот кој на јавноста и бил познат по криминалните тендери со Градоначалникот на Куманово од редовите на СДСМ.

-Манчевски преку фирмата “Метропаркинг” од Белград успеа да намести тендер заедно со О. Куманово во вредност од половина милион евра, пари на граѓаните, а притоа да не понесе никаква одговорност. Вечниот привезок на Шеќеринска и нејзин шеф на кабинет очигледно добро го научил занаетот од неговите ментори кои се докажани бандити и хоштаплери, а уште подокажани неработници, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости