Дескоска и Палмер разговарале за реформи во борбата против корупцијата

by fokus

Министерката за правда, Рената Дескоска денеска имаше средба со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, кој престојува во работна посета на Република Македонија.

На средбата, како што соопшти  Министерството за правда, се дискутирало за реформската агенда на Министерството, а во фокусот на средбата биле реформите за борбата против корупцијата, како и измените на законите кои следуваат во наредниот период, од кои се очекува да ја зајакнат и гарантираат независноста, самостојноста и непристрасноста на судството.

Поврзани новости