Европската Унија мора да ги почне преговорите со Македонија и со Албанијa, порача словeнечкиот претседател Борут Бахор во обраќањето на Бледскиот стратешки форум.
-Проблемот веќе не е само политички. Ситуацијата стана многу позагрижувачка за ЕУ. Што направи Севрена Македонија за нејзината европерспектива – направи се, и уште повеќе, а што доби за возврат – ништо и уште помалку. Со ова кредибилитетот на ЕУ многу се наруши – рече Пахор.
Пахор, на средбата со премиерот Зоран Заев одржана на маргините од форумот, го афирмира ставот дека Словенија го поддржува европско проширување со земјите од Западен Балкан. Тој, како што рече, очекува, со посредство и поддршка на словенечкото претседателство, да се најде прифатливо решение за блокираниот процес за интеграција на Македонија во ЕУ.