Пахор: Потребен е компромис прифатлив за Македонија и Бугарија

by fokus

Mоже да се постигне компромис што ќе ја отвори вратата за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, рече словенечкиот претседател Борут Пахор, кој заедно со претседателите на Хрватска и Австрија Зоран Милановиќ и Александар Ван дер Белен се состана на осмиот годишен состанок на трилатералата во Костањевица на Крка во Словенија.

-Сите ја разбираме сложеноста на овој процес. Посебен акцент е ставен на прашањето за компромис кој би бил прифатен од Северна Македонија и Бугарија. Тоа е еден од ретките мерливи резултати на словенечкото претседавање. Ако успееме во тоа, што нема да биде едноставно, тогаш можеме да кажаме дека сме направиле многу за проширувањето на ЕУ во земјите од Западен Балкан – изјави Пахор.

Поврзани новости