Паднал од скеле додека работел

by fokus

Вчера околу 13.30 часот на ул. „Едвард Кардељ“ во Струга, С.Ѓ. (23) од с.Велестово, охридско, при извршување на градежни работи на куќа, паднал од скеле од висина од околу 6,5 метри и се здобил со тешки телесни повреди.

Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“во Охрид каде му била укажана лекарска помоп и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости