Извлеченото тело од Вардар е на 91-годишен старец кој бил пријавен ако исчезнат

by fokus

На 24.05.2018 година околу 13.15 часот во близина на с.Сараќино, тетовско, М.К. (65) од с.Сараќино пријавил дека во реката Вардар имало заглавено тело на машко лице.

Полициски службеници извршиле увид на местото и констатирале дека се работи за лицето Г.Ш. (91) од с.Стримница, кој на 17.05.2018 година бил пријавен за исчезнат.

Лекар од судска медицина извршил преглед над телото и констатирал дека нема траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.

Поврзани новости