Двајца маскирани ограбиле вработен на бензинска пумпа

by fokus

Синоќа во 03:55 часот во Единицата за информации и команда Скопје, вработен на бензинска пумпа на влез на Радишани-Скопје пријавил дека две непознати маскирани лица извршиле разбојништво над него.

Сторителите со закана со оружје ги одзеле парите од дневниот промет и побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за расчистување на случајот.

Поврзани новости