344
Пеесет и четиригодишен скопјанец паднал додека пренесувал печка од бурекџилница и починал на самото место, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера околу 09,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Дебарца“ З.П.(54) од Скопје додека пренесувал печка од бурекџилница во подрумска просторија се лизнал по скалите и од здобиените повреди починал на самото место. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.