Паднала од скали во куќа и завршила во кома

by Fokus

Триесет и четиригодишна охриѓанка завршила во кома, откако паднала по скали, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 23,35 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид од Медицинскиот центар во Охрид било пријавено дека кај нив во коматозна состојба била донесена Б.Т. (34) од Охрид која паднала по скали во куќа на улицата „Димо Хаџи Димов“ при што од падот се здобила со тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите истата со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Поврзани новости