Вистинска драма се случувала во кафе бар во Ресен кога дошле извршители, жена се онесвестила

by Fokus

Извршители и адвокати биле навредувани при обид за извршување во кафе бар во Ресен, информираа од МВР.

Според информации во полицискиот билтен, вчера во 09,00 часот по претходно доставено барање до Полициска станица Ресен за асистенција од Извршител од Битола, била дадена асистенција за извршување во објектот (кафе бар) лоциран на градскиот плоштад во Ресен. Откако се пристпапило кон рушење на објектот од страна на поголема група на лица истите биле спречени во намерата по што било побарано поголемо полициско обезбедување и истите формирале кордон за заштита. Од страна на присутните лица биле упатувани закани кон извршителот, адвокатите и другите лица и во еден момент на едно женско лице од Ресен, роднина на должниците и се слошило при што интервенирала екипа на Јавна здравствена установа Ресен.

Поврзани новости