Македонските ракометарки до 18 години го освоија првото место во својата група на Светското првенство, кое се одржува во Скопје.
Вечерва во главниот град на Македонија падна и селекцијата на Иран, победувајќи ја со 31-19 и се пласираа во главната фаза, каде ќе излезат на мегдан со Шведска и Исланд.
Најефикасна во нашиот состав со 6 гола беше Дукоска, додека Младеновска, Ризовска, Јанкуловска и Коцева завршија со по 4 гола.