Брнабиќ поднесе оставка од пратеничката функција

by Fokus

Пратеничката од листата „Александар Вучиќ – Заедно можеме се“ и премиерка во техничкиот мандат Ана Брнабиќ вечерва поднесе оставка од пратеничката функција.

Претседателот на српскиот парламент Владета Јанковиќ ги извести пратениците дека Брнабиќ пред гласањето за претседател и потпретседатели на парламентот поднела оставка од пратеничката должност.

Членовите на опозициските партии на денешната седница неколку пати посочија дека таа го крши Уставот со тоа што е пратеник и ја извршува функцијата премиер.

Во тек е пауза од 15 минути, по што ќе се гласа за Владимир Орлиќ, кој е кандидат за претседател на Собранието, како и за седум потпретседатели.

Поврзани новости