Стапката на зараза со ковид-19 паднала за 95,8 отсто меѓу луѓето кои ги примиле двете дози на вакцината на Фајзер, соопштило израелското Министерство за здравје.
Вакцината била 98 отсто ефикасна во спречување на инфекцијата со покачена температура или проблеми со дишењето и 98,9 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација и смртни случаи, велат од Министерството.
Резултатите се од податоците собрани на национално ниво до 13 февруари, меѓу Израелците кои ја примиле втората доза најмалку две недели пред тоа.
Според интернет страницата на Министерството за здравство, втората доза до 30 јануари ја примиле околу 1.7 милиони луѓе, со што ги исполниле условите да бидат опфатени во истражувањето.
Претходниот извештај на одделни здравствени установи исто така покажале позитивни резултати, поради што Израел ги укина ограничувањата по повеќенеделните рестриктивни мерки. Во минатата недела дозволено е отворање на училиштата и на продавниците.
Министерството за здравство воведе апликација „зелена пропусница“, поврзана со личните здравствени картони, која луѓето кои се вакцинирани или се сметаат за имуни по закрепнувањето од ковид-19, можат да ја покажат за да престојуваат во хотел или да присуствуваат на спортски или културни настани.