Оздравени 42-ца заболени од корона вирусот, 10 од Инфективната клиника и 32-ца кои се лекувале дома

by fokus

Десетмина пациенти кои беа заболени од корона вирусот, а се лекуваа на Инфективната клиника, се излечени и си заминале дома, откако имале два последователни негативни теста, информираат од Министерството за здравство.

-Регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови, велат од министерството.

Ова значи дека вкупната бројка на оздравени пациенти се искачи на 86. Според последните податоци, вкупниот број на новозаболени е 908 лица, а бројот на починати е 44.

Поврзани новости