Оздравеа 58 заразени со ковид 19, почина пациент од Дебар

by Фокус

Во болнички услови, почина 63-годишен пациент од Дебар заразен со корона вирусот, информира Министерството за здравство. Денеска, регистрирани се 58 оздравени пациенти, и тоа:

– Скопје 22
– Штип 1
– Прилеп 1
– Тетово 3
– Струга 11
– Битола 2
– Охрид 9
– Гостивар 5
– Демир Хисар 3
– Виница 1

Инаку, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 13.595, при што бројката на оздравени пациенти е 10.110, на починати е 564, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.921, меѓу кои се и најновите 137 случаи.

Поврзани новости