442
Кривична пријава е поднесена против 29-годишниот овчар од струшкото село Подгорци кој во четвртокот силуваше државјанка од Холандија на возраст од 55 години, по што жртвата го пријави случајот во полицијата. А.А. се сомничи за кривичните дела „силување“ и „тешка кражба“.
„На 14.09.2017 околу 14.30 часот во с.Вевчани, откако К.С.К. (55) од Холандија, го сликала стадото овци, А.А. со употреба на физичка сила и закана со нож извршил полови дејствија врз неа, при што оштетената успеала да се оттргне од него и се упатила кон нејзиното возило. Пред да замине, од паричникот во нејзиното возило и одзел 2000 денари, а потоа побегнал“, велат од МВР.