Директор им забранил на осмооделенки да посетуваат настава со шамија, Мемети реагира

by fokus 14:43
14:43

Директорот на основното училиште „Братство и единство“ од Охрид им забрани на две ученички од осмо одделение да посетуваат настава поради тоа што носеле шамија на главата. Реагираат од кацеларијата на народниот правобранител, Иџет Мемети. Од таму бараа директорот веднаш да им овозможи на учениците да ја посетуваат наставата.

– Уставот на Република Македонија и Европската конвенција за човекови права предвидуваат и дозволуваат слобода на вероисповед и слобода на изразување на религијата, а според Конвенцијата за правата на детето, слободата на манифестирање на вероисповедта може да потпаѓа само под ограничувања предвидени со закон, а вакви ограничувања не се предвидени со Законот за основно образование и со останатите позитивни законски прописи – пишува Народниот правобранител во соопштението.

Од таму ја осудуваат и реакцијата од Министерството за образование и наука кои со допис му овозможиле на директорот да ја спроведе оваа одлука. Но според народниот правобранител сите прописи, акти и правилници мора да бидат во согласност со Уставот и законите, а ваквата одлука ги прекршува.

- Advertising -

Ова не е прв ваков случај. Неодамна од канцеларијата на народниот правобранител реагираа на сличен настан во тетовската гимназија каде родителите се пожалија дека на учениците кои доаѓаат на училиште со шамија не им е дозволено да ја следат наставата. Директорот на гимназијата веднаш потоа ја повлече одлуката.

Поврзани новости