Ова се победничките пратенички листи на изборите на 8 мај, вели Ковачевски

by Fokus

Ова се победничките пратенички листи на изборите на 8 мај, кои ќе обезбедат европска иднина на државата. Ова денеска во интервју за МРТВ 1 го ијзави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски.

“СДСМ и коалицијата нудат една исклучителна квалитетна пратеничка листа која прво ќе обезбеди доверба од граѓаните, а потоа ќе ги застапува во Парламентот со цел да се обезбеди европска иднина ма државата, рече тој.

Според него, доколку се погледнат предложените носители, но и другите кандидати, вели дека ќе се види дека меѓу нив се наоѓаат луѓе кои успешно се справија со ковид пандемијата, луѓе кои успешно се справија со економската и енергетската криза.

Поврзани новости