ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат непријатно изненадени од нашиот резултат на изборите, вели Филипче

by Fokus

Од разговорите со граѓаните и сопартијците, можам да заклучам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат непријатно изненадени од нашиот резултат на изборите – вели Венко Филипче во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, прашан за очекувања за исходот од парламентарните избори во Изборната единица 4, каде што тој е носител на листата на СДСМ и коалицијата, во контекст на анкетите кои им предвидуваат шест сигурни мандати.

Филипче: Нашите анализи и анкети покажуваат дека бројот на гласови е навистина блиску помеѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ. Ако на тоа го додадеме бројот на гласови за ЛДП и ДОМ кои на изминатите избори, на локалните избори настапуваа самостојно, разликата е минимална. Така што, борбата ќе биде изедначена и мислам дека бројот на пратеници ќе биде изедначен.

360°: Што значи тоа изедначен, бидејќи таму може и ЗНАМ и Левица да освојат пратеници?

Филипче: Ако зборуваме во контекст на тоа колку пратеници би освоиле ние, а колку ВМРО-ДПМНЕ, нашите проценки се дека ќе бидеме изедначени. Според нашите анкети, бројот на гласови е тука некаде.

Најави за големи разлики имаше и на минатите избори, но не бешен така, одговара Филипче на новинарската забелешка дека ВМРО-ДПМНЕ очекува најголема разлика токму во третата и четвртата изборна единица. За очекувањата за резултатот во сите изборни единици, Филипче се надева дека граѓаните ќе ги препознаат позитивните политики и бенефити.

Поврзани новости