Отворено писмо на Виктор Камиловски: Да го поддржиме министерот Тодоров!

by Фокус

Откако само во рок од неколку денови починаа две родилки, новороденче и 14-годишно девојче, јавноста се крена на нозе и секојдневно бара оставка од министерот за здравство Никола Тодоров. Во негова одбрана застана професор доктор Виктор Камиловски, од болницата за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, кој побара од лекарите и медицинскот персонал да му дадат поддршка на првиот човек во здравството во неговата работа.

– Конкретните напади врз министерот се паушални, но во исто време и навреда за бројниот медицински персонал: доктори, медицински сестри, болничари, здравствена администрација, кои чесно и посветено си ја работат својата работа, која е многу поразлична од другите професии. Да не дозволиме амигдалата,емоциите да ја добијат војната над другите делови од мозокот каде царува разумот. Затоа во овие моменти треба сите здравствени работници да бидеме сплотени и да дадеме максимална поддршка на првиот, еднаков меѓу нас – министерот за здравство, Никола Тодоров, како и на целокупниот негов тим – пшува во писмото Камиловски.

Поврзани новости