577
ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ ЗА СЛУЧАЈОТ “АЛФА”
Почитуван Премиере,
Ви се обраќам на овој начин, бидејќи вистината треба да има што повеќе сведоци.
Нашата земја, Македонија, помина низ тешки времиња. Луѓето со повеќе среќа избегаа од тука.
Некои од тие кои останаа, се убиени, се тероризирани и се затворени доживотно, во случаи монтирани од државата. Повеќето од нив се албанци.
Кога го започнавте проектот “Вистината за Македонија”, сите се убедија во лудоста на тие што не водеа во тоа време. Граѓаните, без разлика на возраст, етничка и партиска припадност, силно ја подржаа надежта за слобода и еднаквост.
Потоа следуваа “Шарената Револуција”, СЈО и “Живот за сите во Македонија”. Вашата идеја за едно општество за сите, со слобода, правда и еднаквост во неа, беше подржана од сите во земјата, но и меѓународно.
Денес, после околу една година откако вие ја водите земјата, иако некои работи се подобрени, и понатаму слободата, правдата и еднаквоста не се меѓу нас.
Не дека корупцијата и организираниот криминал не се многу важни, но монтираните судски случаи, каде како последица невини луѓе можеби се доживотно затворени, се најболната рана на нашето општество.
Еден од овие случаи, каде доказите во целост се во спротивност со судската одлука, еслучајот “Алфа”. Сега веќе целата јавност е убедена во невиноста на затворените, освен судот и обвинителството. Судот и обвинителството кое ги има осудено овие лица.
Господине Премиер,
Во име на невино осудените, во името на граѓаните на Македонија, во мое име, но најмногу во име на правдата, ВЕ МОЛАМ, овозможете повторување на судењето. Не бараме простување ниту милост. Сé што бараме е уште една можност за да се исправат грешките на минатиот режим. Ве молам да ја користите вашата позиција за да се донесе правда и еднаквост за сите исто. За да се донесе “Живот во Македонија”.
Мотото “Нема правда, нема мир” сéуште ечи во нашите уши!
Ви благодарам.
Лиридона Вејсели, истражувачка новинарка “Без Цензура”