Отворено обраќање од Драги Змијанац до Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми!

by Фокус 19:58
19:58

Го повикуваме Министерот за образование конечно да го препознае потенцијалот кој го носат младите и да ја испочитува нивната одлучност активно да придонесат во создавањето на подобар систем на образование во Република Македонија.

Децата ризикуваат матура и упис на факултет! Протестираат и бојкотираат и се солидаризираат едни со други без оглед дали ќе полагаат математика или не. Изложени се на секојдневни притисоци дека нема да полагаат матура, дека мора да потпишуваат разни изјави.

- Advertisements -

Не ни е јасно што се чека?  Министерството за образование, наместо да преземе одредени мерки кои ќе им помогне во барањата на учениците, кои се пред се во нивен интерес,  тие со своите постапки ги казнуваат, заплашуваат, да им се закануваат, понижуваат, потценуваат…

Дали е потребно да се создаде уште поголем револт и уште поголем гнев и на учениците и на родителите,  па да се прелее нездоволството во порадикални форми од бојкот? Во тој случај кој ќе ја превземе одговорностза за случувањата?

Први чекори кон промена се воспоставувањето контакти меѓу двете страни и започнување или одржување комуникација. Затоа сметаме дека Министерот за образование треба итно да го повика Средношколскиот пленум на разговор и договарање околу состојбата. Треба да сме свесни дека во спротивно состојбата може и да ескалира со несакани последици, што никој всушност и не го посакува или пак да резултира со гаснење на надежта кај младите дека се можни промените и дека нивните права гарантирани со Конвенцијата за правата на детето не се почитуваат иако Република Македонија е потписничка на истата. Многупати досега апелиравме дека Конвенцијата за правата на детето (КПД) му го признава правото на детето на  учество/партиципација, што значи  детето да биде слушнато и консултирано за работи и одлуки кои се од негов интерес! Учеството/партиципацијата на децата е еден од четирите основни принципи на КПД, покрај правото на опстанок и развој, недискриминацијата и најдобриот интерес на детето.

На крајот ве потсетуваме дека сите деца се наши деца без оглед дали бојкотираат или не. Тие ја заслужуваат нашата љубов и поддршка и ние им требаме ним. Какви “возрасни” (родители, наставници, министри, пратеници, граѓански активисти/ки…) сме сите ние ако ги оставиме сами во овие нивни напори да бидат активни учесници/учеснички во создавањето промени? Ако не сега господине министре, кога?

М-р Драги ЗМИЈАНАЦ

Директор и оновач на Првата детска амбасада  во светот МЕЃАШИ

Поврзани новости