Братислав Димитров: УЧК работи по инструкции на Америка

by Фокус 20:03
20:03

Членот на движењето ГДОМ, Братислав Димитров вечерва одговараше на прашања од Твитер корисниците на дебатата на НОВА ТВ. На прашањето зошто УЧК ја напаѓа Македонија само кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ, рече дека тоа било поради тоа што ДПМНЕ е македонска опција, но и дека УЧК работи по инструкции на Америка.

-УЧК ја напаѓа Македонија само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, бидејќи секогаш кога се јавува македонска опција, се јавуваат проблемите. Инаку, УЧК си работи по инструкции на најголемата светска сила, Америка. Тоа го знаеме сите и не треба да го криеме,одговори Братислав Димитров.

- Advertisements -

На прашањето од каде тој тоа го знае, Димитров рече:

-Го знам, затоа што користам многу извори и кога ме интересира темата комплетно ја истражувам.

Подоцна во текот на дебатата, тој рече дека имало многу светски познати експерти кои зборувале дека Америка соработувала со најразлични терористички групи.

 

 

Поврзани новости