Отворен новиот продажен центар на компанијата М Кар

by Фокус 12:12
12:12

Свеченото отворање на новиот продажно сервисен Центар на компанијата М Кар, главен увозник и дистрибутер на возилата BMW и MINI за Македонија и Кососво, на 30 септември, беше забележан со многу изненадувања.

Присутните гости имаа чест да се запознаат со новите модели на BMW, X1 и новата шеста генерација на BMW Серија 7, кои беа донесени директно од саемот во Франкфурт.

- Advertising -

На настанот беа присутни голем број на познати личности од автомобилската индустрија, бизнис фелата, како и естрадни уметници.

-Ми претставува голема чест што вечерва со нас се претставниците на BMW од Минхен, кои со своето присуство ја означуваат поддршката на целата BMW Групација за М Кар. Поседувајќи извонредна инфраструктура, придобивките кои доаѓаат од квалитетот на единствените BMW и MINI возила и работејќи со искусен, обучен и посветен тим, М Кар цели кон највисоките стандарди на грижа и задоволство на своите корисници. Компанијата М Кар е цврсто посветена на повторно воспоставување на брендовите BMW и MINI на премиум позиција на пазарот, преку обезбедување на највисок квалитет на услуга и одржување на постојан фокус кон севкупните премиум стандарди на работа, истакна во своето свечено обрќање, генералниот директор на компанијата, Марко Јовановски.

На свеченоста се обратија, амбасадорот на Република Бугарија, Иван Петков, амбасадорката на Федерална Република Германија, Кристина Алтхаусер. Исто така почесен гостин на М Кар беше Винченс Ресман, Ерија менаџер за Африка, Кариби и Источна Европа кој му додели на генералниот директор на М Кар, Јовановски плакета за официјален старт на  новиот продажно сервисен Центар на компанијата М Кар.

Поврзани новости