Основниот кривичен суд Скопје, по повод Европскиот ден на правдата 25-ти октомври, денеска организираше Отворен ден на судот на кој присуствуваа студенти од Правниот факултет „Јустинијан први“ – Скопје.
Студентите, како што соопштија од Судот, имаа можност да се запознаат со начинот на работа на судот преку судските писари, судските оддели и одделенија, да ги посетат судниците каде им беше презентирана техничката опрема за аудио – визуелно снимање на расправите и да присуствуваат на судење од Одделението за организиран криминал и корупција.
Воедно, студентите остварија средба со судијата Александра Ристеска на која разговараа за текот на една кривична постапка и предвизиците со кои се соочува судот за време на главната расправа, како и средба со новинарот Васко Маглешов во однос на значењето на транспаретноста на судиите и обвинителите и јавноста во судските постапки.
Од Основниот кривичен суд Скопје ја искористија оваа прилика и ги повикаа студентите од правните факултети во земјата со цел дополнителана практична настава да присуствуваат на јавните судења, да ја искористат можноста за волонтриање и стажирање во овој суд, кој останува отворен за соработка во правец на заложбите за поголема транспарентност и отчетност пред јавноста.