Пендаровски: Блокадата на преговорите со ЕУ беше шок за сите

by Фокус

Непочетокот на преговори со ЕУ навистина беше шок за сите, не само за мене и за народот, туку и за целата политичка елита, вели претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, во интервју за грчката телевизија „Алфа”.

– Од 2009 во сите извештаи на Европската комисија и потоа во сите коминикеа од Европската унија велеа дека постои само едно нерешено прашање, долгогодишниот спор за името меѓу нас и вашата земја. Го решивме тоа со Договорот од Преспа и одеднаш Европската унија ни вели ние не сме подготвени, бидејќи пред тоа треба да направиме некои внатрешни реформи. Тоа не беше искрено, ниту праведно за сите што се длабоко инволвирани во овој процес – вели Пендаровски.

Сепак, тој посочува дека за неколку месеци земјата ќе влезе во НАТО и тоа, според него, е благодарение на Договорот од Преспа.

-За луѓето што и тука и таму се скептични, да повторам уште еднаш Договорот од Преспа беше главна причина зошто државите членки на Северно-атлантската алијанса рекоа „да” за наше членство. Ако не во ноември или декември, тогаш сигурно во првите четири месеци од 2020 ќе бидеме полноправна членка на НАТО алијансата и тоа е директен производ од Договорот од Преспа – рече Пендаровски.

Поврзани новости