Откако НОВА ТВ го откри случајот со студентката која без диплома и лиценца работела како докторка во Итната медицинска помош, таа е отпуштена. Од Здравствениот дом тврдат дека лице од правната служба кое ги изготвувало договорите за времено ангажирање во Здравствениот дом направило пропуст при приемот на документите на Марина Србиноска. Сега, откако случајот беше објавен, одногорност ќе сноси само вработениот во правната служба.
-Согласно комплетно извршената проверка на досиејата на лицата кои имаат склучено Договори на дело за времено ангажирање со ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје, утврдено е дека лице од правната служба на Домот, кое било директно вклучено и ги изготвувало договорите за времено ангажирање, поради негов очигледен пропуст го подготвило и тој Договор. ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ – Скопјe, jасно и недвосмислено истакнува и потврдува дека сите останати досиеја на ангажирани доктори на медицина се со уредна и комплетна документација и несомнено е дека станува збор за изолиран случај, велат од Здравствениот дом.
Тие додаваат дека е раскинат договорот со студентката која пет месеци работела како докторка, без диплома, лиценца за работа и не положен државен испит, за што велат дека не произвлегува никакво правно дејство, обвинувањата ги префрлија на име на студентката за која велат дека смислено криела дека не ги исполнува условите.